Мегваер: Сакам да играм, кога сум на теренот тимот најчесто победува

Мегваер-Сакам-да-играм-кога-сум-на-теренот-тимот-најчесто.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хари Мегваер, некогаш најскапиот дефанзивец во светот, долго време е критикуван од страна на навивачите на Манчестер јунајтед.


Навивачите долго време бараат ој да го напушти клубот, бидејќи често прави катастрофални грешки кои директно влијаат врз резултатите на Јунајтед.

За разлика од навивачите Мегваер има поинакво мислење. Тој бара повеќе минути на теренот, во спортивно се закани дека ќе го напушти клубот.

„Нема да седам тука до крајот на мојот живот и да играм еднаш месечно. Ако продолжи вака, сигурен сум дека ќе седнам со клубот и ќе разговараме за некои работи. Во моментов јас сум фокусиран на натпреварите се Англија, а потоа ќе бидам целосно фокусиран на борбата за место во Манчестер јунајтед. Сакам да му помогнам на тимот да се искачи на местото што го заслужува на табелата“, изјави Мегваер.

Поранешниот капитен на Јунајтед потоа откри неверојатен податок. Со него во тимот Јунајтед победил на 14 од 18 натпревари (75 отсто), кога не е на теренот „црвените ѓаволи“ победиле на 69 отсто од натпреварите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK