Данил Медведев, трет пат во кариерата се пласираше во полуфиналето на Австралија опен.
Финалистот од 2021 и 2022 година по голема борба и 239 минути игра го победи деветтиот носител, Полјакот Хуберт Хуркач со 7:6 (4), 2:6, 6:3, 5:7, 6:4.
Тоа им беше шести натпревар и сега резултатот е изедначен, 3:3.
Третиот носител во полуфиналето ќе игра против Карлос Алкараз или Александар Зверев.