Серхио Рико, голманот на ПСЖ, ќе се врати на фудбалските терени само десет месеци по страшната повреда, поради која беше во кома 19 дена.
Голманот на ПСЖ падна од коњ за време на неговиот одмор во Севилја. По голема борба и 36 дена на интензивна нега, лекарите успеаја да му го спасат животот. Во болница помина вкупно десет недели.
Рехабилитацијата траеше долго, а сега Рико изрази желба да му се врати на фудбалот. Доби лекарска дозвола и пристигна во тренинг комплексот на ПСЖ.
Се уште нема зелено светло од клупските лекари и специјалисти за почеток на тренинзите, но француските медиуми велат дека тоа е само прашање на време и очекуваат шпанскиот голман целосно да му се приклучи на тимот во следните неколку дена.