– Ѕвездата на француската репрезентација и на ПСЖ, Килијан Мбапе, кого клупското раководство го суспендираше пред неколку недели поради спор околу договорот, е вратен во првиот тим, соопшти денеска клубот од Париз.
„По многу конструктивни и позитивни разговори меѓу ПСЖ и Килијан Мбапе, пред натпреварот меѓу ПСЖ и Лориен (одигран вчера, 0-0) играчот утрово е вратен во првата екипа која тренира“, се наведува во соопштението на францускиот фудбалски првак.
„Сакаме да остане, можеме тоа да го повториме два или три пати“. Меѓутоа, тој не може да замине бесплатно. За тоа не може да се преговара“, рече неодамна претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.
ПСЖ тогаш одлучи да го исфрли Мбапе од првиот тим и не беше со тимот на претсезонската турнеја во Јапонија и Јужна Кореја.