(Видео) Бетис славеше на „Де ла Керамика“ во 96 минута

(Видео) Бетис славеше на „Де ла Керамика“ во 96 минута
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бетис ја отвори новата сезона во Ла Лига со победа на гостувањето кај Виљареал. Натпреварот заврши со резултат 2:1. Голот за победа го постигна Бразилецот Вилијан Жозе во 96.минута.







Бетис го отвори резултатот во 20.минута, кога грешката на Баена отвори контранапад, Луис Енрике му асиситраше на Ајозе Перез. Претходно ВАР поради офсајд им поништи гол на фудбалерите на Виљареал.

ВАР се активираше и во 36.минута кога играчот на Бетис, Гвидо Родригез од недозволена позиција го совлада голманот на Виљареал.

Виљареал имаше одлична можност за втор гол во 52. минута, но обидот на Хуан Фојт со глава заврши во стативата.

„Жолтата подморница“ израмни во 61. минута, Хорхе Куенка беше стрелец.

До крајот на мечот Виљареал се обидувае да постигне уште еден гол, додека играчите на Бетис очигледно беа задовлни со бод.

На крајот тие го освоија целиот плен. Лошиот дегажман на голманот Јоргесен отвори многу простор за играчите на Бетис, Сабали центрирше, а Вилијан Жозе од не баш лесна позиција го постигна голот за победа.

Во второто коло Виљареал ќе гостува кај Мајорка, а Бетис ќе го пречека Атлетико Мадрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK