Мбапе го извести ПСЖ дека не планира да го напушти тимот пред крајот на договорот

mbape_3453454353433
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не планира да го напушти тимот во текот на летниот преоден рок.







 

Денешното издание на „AS“ објави дека 24-годишниот Французин се вратил на тренинзите со парижаните. Тој му соопштил на раководството на клубот дека планира да игра до крајот на договорот.

 

ПСЖ и Мбапе имаат договор со важност до летото 2024 година.

 

Претходно беше објавено дека заминувањето на Мбапе како слободен играч може да доведе до сериозни финансиски проблеми во ПСЖ. Пред ова, напаѓачот испрати писмо до клубот, во кое изјави дека нема да го продолжи договорот со тимот, но сега се премисли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK