Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, на последната прес конференција пред мечот со Австрија, малку зборуваше за фудбалот, во преден план беше политиката.
Во Франција е во тек изборна кампања откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори.
Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе упати апел до граѓаните, особено до младите, да не дозволува екстремната десница да дојде на власт. Во емотивното обраќање Мбапе порача дека фудбалерите не смеат да се одвојуваат од она што се случува во светот околу нив.
„Сакам да бидам горд што ќе го носам овој дрес на 7 јули (тогаш се одржуваат изборите). Не сакам да претставувам земја која не ги одразува моите вредности, која не ги одразува нашите вредности, верувам и се надевам дека сите сме на иста страна. Затоа не можеме да се сокриеме“, изјави Мбапе и додаде:
„Често се вели дека не смееме да мешаме политика и фудбал. Се согласувам кога ситуацијата е нормална, но кога ситуацијата е ваква, тогаш е важно да се каже ова. Ова е поважно од натпревот што следи. Се надевам дека луѓето нема да ми се лутат што го кажав ова бидејќи нашата земја денес е во многу сериозна ситуација“.
Репрезентацијата на Франција, во 21 часот против Австрија ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.