Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, го постигна најбрзото време на квалификациите на трката за првата трка во новата сезона, Големата награда на Катар.
Актуелниот вице-првак, го собори рекордот на патеката во Катар и ја освои пол-позицијата. Најбрзиот круг на шапнскиот возач изнесуваше 1:50.789 минути. Мартин во Катар ја освои 14. пол-позоција во кариерата.
Второто место го зазеде Алеиш Епсаргаро од Априлија со 0,083 секунди заостанување. Третото место му припадна на Енеа Бастианини од Дукати, кој беше за три илјадити делови од секундата побавен од Еспраргаро.
По нив следеа Бред Биндер на КТМ, бранителот на титулата Франческо Бања и Марк Маркез на Гресини.
Топ 10 го комплетираа Фабио Ди Џанантонио од ВР46, дебитантот Педро Акоста на ГасГас, Алекс Маркез од Гресини и Маверик Вињалес на Априлија.