Мартин најбрз на спринтот во Мизано

12489779.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Актуелниот лидер во Мото ГП шампионатот Хорхе Мартин победи на спринт траката во Мизано. .

Мартин по одличниот старт, од четвртата позиција, му го презеде првото место на Франческо Бањаја кој беше најбрз во квалификациите и на крајот славеше триумф зголемувајќи ја предноста пред Бањаја во генералниот поредок.

Бањаја во последните неколку круга се обиде да го „притисне“ Маритн, но безуспешно, па мораше да се задоволи со второто место на патеката на која триумфираше на трките во 2021 и 2022 година.

Од друга страна, Мартин покажа дека „му лежи“ на патеката во Мизано, бидејќи лани славеше и во спринтот и во главната трка. Неговата предност во борбата за титулата сега е 26 бода во однос на Италијанецот.

Претходно, Мартин освои три последователни втори места во спринт трките: Силверстон, Австрија и Арагон.

Франко Морбидели, тимскиот колега на Мартин забележа голем успех освојувајќи ја третата позиција, што е негов прв спринт подиум во кариерата. Енеа Бастианини заврши на четвртото место пред Педро Акоста.

Марк Маркез, победникот на претходната трка во Арагон, по слабиот старт успеа да се пробие до шестото место, пред двоецот од КТМ Бред Биндер и Џек Милер. Во првите десет се најдоа и Фабио Квартаро и Алекс Маркез.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK