Марка и АС: Модриќ беше невидлив против Наполи

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лука Модриќ (38) конечно заигра за Реал откако не доби ниту една минута на два натпревари по ред за прв пат по 11 години. Анчелоти не му даде шанса против Лас Палмас и Џирона во првенството по очајната партија против Атлетико кога беше заменет на полувремето, а Реал лесно ги доби двата натпревари во Ла Лига.



Модриќ трет натпревар по ред беше резерва, во Лигата на шампионите против Наполи, но синоќа ги одигра последните 25 минути.

Според пишувањето на водечките шпански спортски медиуми, епизодната улога на стадионот „Диего Армандо Марадона“ била лошо изведена.

„Марка“ му даде петка (оценките се од 1 до 10). Освен Модриќ, од првиот тим со петки беа оценети голманот Кепа и Начо, а од резервите Ферланд Менди. „Марка“, беше многу скржава на зборови се работи за Модриќ: „Хрватот беше невидлив“.

„АС“, истакнува дека овој меч е уште еден доказ дека Модриќ дополнително потонал во хиерархијата на Реал.

„Неговата улога, барем што се однесува до ветераните, ја презеде Крос. Тој беше главниот креативец. Јасно е дека кај Анчелоти сега тој е пред Модриќ“.

Истиот извор додава дека минутажата на Модриќ во Неапол и начинот на кој ја искористил се „лош знак за Хрватот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK