„Марка“: Дебатата заврши, Новак е Г.О.А.Т

„Марка-Дебатата-заврши-Новак-е-ГОАТ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дебатата заврши, Новак Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња, пишува шпанскиот спортски весник „Марка“ откако Србинот славеше на Ју-ес опен и го освои 24. Грен слем.


Србинот сега има два трофеи повеќе од Рафаел Надал и четири повеќе од Роџер Федерер, па неговата доминација ја препознаа и медиумите од земјата од каде што доаѓаат Надал и Карлос Алкараз.

Во авторски текст на Марка потоа се набројуваат причините кои несомнено го ставија Ѓоковиќ на пиедесталот и му ја доделија титулата најдобар тенисер на сите времиња.

Првиот и најочигледен доказ е дека има освоено најмногу Грен слемови. Се истакнува и дека Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата освои три Грен слем турнири во една сезона, што никој досега не го направил.

Потоа се додава дека Ѓоковиќ штотуку ја започна 390. недела на чело на АТП листата и дека во март 2021 година го престигна Федерер, кој мина 310 недели на првото место.

Посебно за одбележување е рекордната 2015 година, која Ѓоковиќ ја заврши со рекордни 16.785 поени. Во таа 2015 година Србинот освои три Грен слем титули (Австралија опен, Вимблдон и Ју-ес опен) и дури седум Мастерси од серијата 1000, како и завршниот Мастерс.

Кога се во прашање Мастерс турнирите, треба да се истакне дека Ѓоковиќ има дури 39, три повеќе од Надал.

Покрај тоа, Србинот е единствениот тенисер кој има барем еднаш победено на деветте Мастерс турнири од серијата 1000, и не само тоа, туку на секој има победено барем два пати.

Исто така, се додава дека Ѓоковиќ по 30 години освоил дури 12, односно половина од пехарите на Грен слем турнирите и дека со 36 години и три месеци станал најстариот победник на Ју-ес опен во историјата.

Тој шест пати, исто како и Федерер, го освоил заврниот Мастерс.

Конкретно, се додава дека Ѓоковиќ е подобар од неговите двајца најголеми ривали во меѓусебните пресметки. Има скор 30:29 против Надал и 27:23 против Федерер.

Друг податок кој потврдува дека Србинот е најдобар на сите времиња е процентот на победи во кариерата.

Ѓоковиќ победи на 1076 од 1287 натпревари, процент на успешност од 83,6 отсто. Надал е на 82,9 отсто, со 1068 победи во 1288 натпревари.

Кога станува збор за бројот на титули, Ѓоковиќ е најуспешен меѓу активните тенисери со 96 од нив.

Надал има 92. Само Федерер со 102 и Џими Конорс со 109 се пред шампионот на Ју-ес опен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK