Мареска: Јасно е дека не беше во офсајд


depositphotos_749600516_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, по победата над градскиот ривал на „Олд Трафорд“, вели дека голот на Ерлинг Холанд бил регуларен.


Сити играше 70 минути со играч помалку и на крајот успеа да забележи голема победа.

„Секогаш е убаво да се победи дерби со 10 играчи. Тоа е посебен натпревар за секого. Среќен сум и тоа е нормална реакција. По црвениот картон, планот на играта целосно се промени. Духот, напорот, заедништвото на играчите беа фантастични“, рече Мареска.

Потоа се осврна на контроверзните ситуации, црвениот картон на Фил Фоден и голот на Ерлинг Холанд.

„Искрено, мислам дека беше црвен картон. Но, и Бруно требаше да добие картон. А што се однесува до голот, јасно е дека не беше офсајд“.

Голот на Халанд предизвика хаос во Англија, Премиер лигата, најпрвин објави дека голот е регуларен, но неколку часа по натпреварот, Судиската комисија на Премиер лигата, се огласи со соопштение во кое пишува дека голот на норвешкиот напаѓач требало да се поништи.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK