Манчестер Сити нема намера да плати 100 милиони евра за Лукас Пакета


lucas-paqueta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот и европски првак Манчестер Сити е во преговори со Вест Хем за трансфер на играчот од средниот ред, Лукас Пакета.


„Чеканите“ се подготвени да го пуштат Бразилецот во Сити за сума од околу 100 милиони евра.

Сепак, „граѓаните“ не се подготвени да платат толкава сума за играчот од средниот ред и нивната намера е да преговараат за многу пониска цена. Тие се подготвени да платат околу 70 милиони евра.

Минатата сезона Пакета одигра 28 натпревари во Премиерлигата, постигна четири гола и три асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK