Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Карлос Балеба (22) од Брајтон.
„Скај Спортс“, објави дека Јунајтед ќе плати околу 75 милиони евра фиксна сума и околу 6 милиони преку бонуси, а Брајтон ќе добие и процент од идните продажби.
Камерунскиот играч за врска треба да потпише петгодишен договор, а медицинските прегледи се очекуваат во следните 24 часа.
Балеба ќе биде третото големо засилување на Јунајтед во средниот ред по Андреј Сантос од Челзи и Јури Тилеманс од Астон Вила.
Балеба моментално се опоравува од повреда на лигаментите на глуждот и се очекува да се врати кон средината на септември.
Foto/ Depositphotos