„Малта не е наивен ривал, утре Македонија ќе има нов голем тест“

„Малта-не-е-наивен-ривал-утре-Македонија-ќе-има-нов.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Топспорт во Ла Валета,


Фудбалската репрезентација на Македонија утре игра против Малта во следниот меч од квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година. По ремито против Италија во Скопје (1:1), сега императив е да се оствари победа и да се освојат три бода во Ла Валета.

Капитенот Енис Барди вели дека тој и соиграчите не смеат да размислуваат на Италија и да владее некоја еуфорија. Следи ново искушение.

„Утре имаме еден голем тест, знаеме што нѐ очекува, направивме анализи и во никој случај не смееме да потпаднеме под некоја еуфорија. Ако бидеме ние во вистинско издание, мислам дека ќе оствариме позитивен резултат. Не размислуваме веќе за Италија, тоа е зад нас. Да, среќен сум поради постигнатиот гол, но многу посреќен сум затоа што тимот се врати психолошки и сега повторно размислуваме за нешто повеќе во групата, за второто или за третото место“, изјави Енис Барди.

Првиот голман Столе Димитриевски нема да биде на голот поради повреда. Најверојатно Дамјан Шишковски ќе го замени на голот.

„За жал, лошиот терен го зема данокот. Столе Димитриевски заработи повреда и нема да биде во можност да настапи, му посакуваме брзо опоравување. Јас секогаш имам максимална доверба во сите повикани репрезентативци. Што се однесува до противникот, Малта покажа дека е квалитетен тим, борбени се и агресивни. Нема никакво опуштање, ова е можеби најважниот меч во овие квалификации. Момците се свесни што може да ни донесе овој натпревар“, изјави Благоја Милевски.

Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра утревечер, од 20.45 часот, на Националниот стадион во Ла Валета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK