Foto/ EPA
Ракометната репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство. Во последноот коло, во А групата, Македонија ја победи Швајцарија со 29:27.
Македонија ја предводеше голманот Томовски со 12 интервенции. Блескаше во првото полувреме, кога Македонија направи серија 6:0 и прв пат на натпреварот стекна предност од четири гола (10:6).
Во нападот најефикасни беа Митев и Ненад Костевски со по пет гола.
Во вториот дел, Македонија ја „преживеа“ неверојатната партија на 40-годишниот Анди Шмид. Ветеранот мечот го заврши со 12 голови и ја предводеше Швајцарија, која во еден момент со серија 3:8, во периодот од 44. до 55 минута, го презеде водството 24:25.
Македонија со оваа победа го освои третото место во групата, кое веројатно ќе и донесе полесен противник во баражот за пласман на Светското првенсво во 2025 година.