Шпанските навивачи на Мастерсот во Мадрид, по елиминацијата на Рафаел Надал доживеаја уште едно разочраување. Бранителот на трофејот Карлос Алкараз не успеа да се пласира во полуфиналето.
По два часа голема борба, во три сета, Алкараз загуби од Андреј Рубљов. Рускиот тенисер славеше со пресврт 4:6, 6:3, 6:2.
Првиот сет Алкараз го реши во своја корист со брејк кој го направи во петтиот гем откако спаси брејк топка што ја имаше неговиот ривал во вториот.
Шпанецот имаше две сет топки на сервис на Рубљов во деветтиот гем, но сепак мораше да ја заврши работата и да го добие сетото на свој сервис.
Рубљов нападна на стартот од вториот сет. Во вториот гем пропушти четири брејк можности, но не и петтата. Русинот можеше да го удвои брејкот во шестиот гем кога имаше три брејк топки, но Алкараз се извлече.
Потоа Рубљов спаси две брејк топки во седмиот гем, за да ја искористи втората сет топка во деветтиот и да го внесе мечот во третиот сет.
Решавачкиот дел од натпреварот беше и најкраток. Рубљев направи брејк во првиот, а потоа уште еден во петтиот и се пласира во полуфиналето.
Во полуфиналето Русинот ќе игра против подобриот од мечот во кој се среќаваат Тејлор Фриц и Франциско Серундоло.