Ромелу Лукаку ќе го носи дресот на Рома до крајот на сезоната како позајмен играч на Челси, но извесно е дека ќе потоа ќе го напушти Рим, но не и Серија А.
Жозе Мурињо, го убеди Лукаку во финишот на преодниот рок да се пресели во Рома, откако му пропадна можноста да замиен во Јувентус.
Рома, како сега стојат работите сака да го задржи Лукаку, но прашање е дали има 37 милиони евра колку што бара Челси. Оваа сума без проблем може да ја плати Јувентус, а според италијанските медиуми во трката може да се вклучи и Милан.
Клубот од „Сан Сиро“, бара замена за Жиру, чии договор истекува на крајот од сезоната.