Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку призна дека имал понуда да ја продолжи кариерата во Ал Хилал. Ја одбил бидејќи не бил подготвен да ја напушти Европа.
Лукаку е член на Челзи, но е на позајмица во Рома до крајот на сезоната.
„Горд сум што Ал Хилал беше заинтересиран за мене. Сепак, по неколку разговори, се откажав од идејата да се приклучам на овој клуб. Ал Хилал е најголемиот клуб на Блискиот Исток. Лигата на Саудиска Арабија ќе стане една од најдобар во светот. Сепак, не бев подготвен да ја напуштам Европа“, изјави Лукаку на прес-конференцијата на белгиската репрезентација.
Во летниот преоден рок имаше понуди од бројни клубови од Европа и Азија.
„Не сакам да ја избегнувам темата. Сите ќе бидете шокирани кога ќе решам да кажам што се се случуваше во текот на летото. Сè ќе кажам кога ќе дојде време. Имаше моменти кога мислев дека ќе експлодирам. Сега се фокусирам на она што го правам најдобро, а тоа е фудбалот“, додаде Лукаку, кој оваа сезона одигра осум натпревари за Рома и постигна седум гола.
Репрезентацијата на Белгија се подготвува во Тубиз за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Австрија, кој ќе се одигра в петок.