Лосон воодушевен: Едвај чекам да почнам да учам од Макс

F1_US_Grand_Prix_Auto_Racing_AP.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ред Бул потврди дека наредната сезона покрај светскиот шампион Макс Ферстапен ќе вози Лијам Лосон. Ред Бул, вчера спогодбено се раздели со Мексиканецот Серхио Перез.


Откако Ред Бул објави дека Лосон е новиот возач, со коментар се огласи и возачот од Нов Зеланд.

„Ова е исполнување на сонот што го имам цел живот. Отсекогаш сум сакал да станам возач на Ред Бул и работам на тоа од мојата осумгодишна возраст“, рече Лосон.

„Сакам да му се заблагодарам на целиот тим на VCARB за поддршката, последните шест трки беа огромна подготовка за овој чекор. Исто така, сакам да им се заблагодарам на Кристијан Хорнер, Хелмут Марко и на целото семејство Ред Бул што веруваа во мене и ми ја дадоа оваа можност. Многу сум возбуден што ќе работам со Макс и што ќе можам да учам од светски шампион. Не се сомневам дека имам многу да научам. И едвај чекам да почнам“, заклучи новиот возач на Ред Бул.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK