Лиам Лосон, резервниот возач на Алфа Таури, призна дека е разочаран од одлуката на тимот, Даниел Рикардо и Јуки Цунода да возат за овој тим и следната година.
Младиот Новозеланѓанец на пет трки годинава го замени Рикардо во болидот, кој ја скрши раката, а трката во Катар ќе му биде последна сезонава во најбрзиот вагон.
„Секако дека сум разочаран, бидејќи мојата цел е постојано да бидам во Формула 1. Сепак, и покрај тоа, мотивиран сум да си обезбедам безбедно место меѓу најдобрите возачи на денешницата“, изјави Лосон.
Својот најдобар пласман Лосон го постигна во Сингапур, каде беше деветти и ги освои првите два бода. Со нетрпение ја очекува трката во Катар.
„Патеката е одлична. Има само еден бавен свиок, се друго се вози во најмалку четврта брзина. Се надевам на добра трка“, изјави Лосон.
Трката за Големата награда на Катар ќе се вози во недела на 8 октомври.