„Љубовницата на Џани Инфантино исплатена со пари од УЕФА“


depositphotos_512936524_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британски „Телеграф“ објавуви бомбастична ексклузива под наслов „Љубовницата на Џани Инфантино платена со пари од УЕФА“.


„Телеграф“ тврди дека добил докази дека пари од УЕФА и биле исплатени на наводната љубовница на Џани Инфантино додека тој бил генерален секретар на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Станува збор за шестцифрена сума.

Неименуваната жена ги добила парите по наводна афера со Инфантина додека тој бил генерален секретар на УЕФА. Наводно, таа била унапредена за време на нивната врска, а за нејзиното заминување биле исплатени пари од сметката на УЕФА со цел да се запише на магистерски студии на бизнис училиште.

УЕФА се огласи и потврди дека плаќањето е извршено и дека Европската фудбалска унија е запознаена со тврдењата дека лицето кое ги примило парите имало наводна врска со Инфантино. УЕФА изјави дека ги променила и заострила правилата и дека „од тогаш прераснала во модерна организација“.

„Свесни сме за обвинувањата и можеме да потврдиме дека на дотичниот човек му е исплатена отпремнина, како и дека му се исплатени и магистерски студии на локално бизнис училиште. Исплатата е извршена во согласност со правилата што биле во сила во тоа време. Од 2016 година, правилата се променети и заострени, тие важат за сите вработени во УЕФА, на сите нивоа, и се слика за модерна организација“, изјави портпаролот на УЕФА.

УЕФА го објави ова откако „Телеграф“, спроведе сопствена истрага која откри дека голем број високи функционери на УЕФА биле загрижени за однесувањето на Џани Инфантино во тој период.

Инфантино работел во УЕФА 16 години, почнувајќи од 2000 година.

„Телеграф“ тврди дека Инфантино, оженет татко на четири деца, имал наводна афера со жена вработена во УЕФА за време на неговото време како генерален секретар на УЕФА.

Соговорниците на „Телеграф“, кои работеле во УЕФА во тоа време сведочеле дека Инфантино се погрижил таа да добие голема сума пари за нејзиното заминување, како што е наведено „тоа е барем шестцифрена сума“.

ФИФА, исто така, се огласи и рече дека никогаш немало никакви поплаки за однесувањето на Џани Инфантино од страна на персоналот:

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги отфрла сите обвинувања и категорично изјавува дека тие не се вистинити. Сите инсинуации за недолично однесување и кршење на статутите и прописите се злонамерни.“

Ниту еден вработен во УЕФА или ФИФА никогаш не поднел жалба против однесувањето на г-дин Инфантино, бидејќи никогаш немало причина за такво нешто или за каков било инцидент во кој бил вклучен. Сите дејствија во односите со вработените, вклучително и отпремнината по заминувањето, секогаш биле спроведувани во согласност со правилата“, рече портпаролот на ФИФА.

Наводно, дотичната жена прво била унапредена на менаџерска позиција за време на наводната врска.

Тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, наводно се соочил со Инфантино поради несоодветната врска, по што било договорено дека наводната љубовница ќе ја напушти УЕФА со голема отштета.

УЕФА, исто така, ги платила и магистерските студии, вкупно 45.000 фунти за една година.

Жената, чие име не е објавено од „Телеграф“, била на административна позиција во УЕФА на почетокот на наводната врска со Инфантино, но потоа била унапредена. Кога било договорено нејзиното заминување од УЕФА, Инфантино наводно успеал да ѝ обезбеди профитабилна работа во истата област користејќи ги своите врски.

„Телеграф“ исто така наведува дека Инфантино ѝ обезбедил на својата наводна љубовница унапредување и зголемување на платата од 30 проценти, односно заработка од 147.000 фунти месечно.

Наводно, на колегите во тоа време им било чудно што таа добила и унапредување и зголемување на платата, па дури и тогаш имало сомнежи.

„Телеграф“ тврди дека разговарал со голем број сведоци и дека еден од нив рекол:

„Тој направи голема грешка што речиси му ја заврши кариерата. Луѓето му кажуваа на Платини што се случува. Му велеа дека мора да го отпушти.“

Друг тврдел дека Платини се соочил со Инфантино и рекол: „Ти или таа?“ и дека Инфантино рекол дека жената ќе си замине, по што ја напуштила УЕФА.

„Телеграф“ исто така побарал коментар од Мишел Платини, но тој не одговорил.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK