Сопствениците на Ливерпул, „FSG Group“, малцински пакет акции му продадоа на американскиот инвеститор „Dynastic Equity“. Станува збор за компанија со седиште во Њујорк и нивните акции во Ливерпул ќе вредат помеѓу 82 и 164 милиони фунти.
Договорот е таков што новиот инвеститор нема да има никаква улога во секојдневното раководење на клубот.
Според англиските медиуми, договорот е направен за да може Ливерпул да ги отплати долговите што се наталожија за време на пандемијата на коронавирусот, а сето тоа поради изградбата на нов тренинг центар во Киркби, градежните работи за реновирање на „Енфилд“ и трошоците направени за време преодниот рок.
„Нашата лојалност кон Ливерпул е посилна од кога било досега. Секогаш сме велеле дека ако дојде партнер кој сака да инвестира и е во право за Ливерпул, ќе ја искористиме можноста да му овозможиме на клубот да има долгорочна финансиска стабилност и раст. Се надеваме на долга и успешна соработка со „Dynasty“, за зајакнување на финансиската позиција на клубот и остварување на неговите амбиции на и надвор од теренот“, изјави претседателот на „FSG“, Мајк Гордон.