Лидерот во Бразил, а го отпуштија селекторот

Лидерот-во-Бразил-а-го-отпуштија-селекторот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чуден потег повлекоа челниците на Ботафого, актуелниот лидер во бразилското првенство.


Тие решија д го отпуштат португалскиот стручњак Бруно Лаж, во момент кога имаат седум бода повеќе од второпласираниот Брагантино.

Црно-белите од Рио се без победа во претходните пет натпревари, а три загубија од последните четири првенствени натпревари.

„И покрај одличниот старт, резултатите во претходниот период не се онакви какви што очекувавме. Благодарност до Бруно и неговиот тим за се што направија во изминатите неколку месеци. Му посакуваме многу успеси во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

Во својата историја, Ботафого само два пати бил шампион на Бразил, во 1968 година и последен пат во 1995 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK