Најдобриот стрелец во историјата на полската репрезентација со 82 гола на 150 натпревари, Роберт Левандовски поради повреда го пропушти првиот натпревар на ЕП.
Полска во првото коло загуби од Холандија со 1:2, со голот на Вегхорст во 83.минута.
Мечот од второто коло, Австрија-Полска е клучен за двете селекции и новните амбиции за пласман во осминафиналето.
Австриската новинска агенција „АПА“, тврди дека Левендовски ќе биде во составот на полска.
Напаѓачот на Барселона во август ќе го прослави својот 36-ти роденден, а Европското првенство во Германија може да биде неговото последно големо натпреварување, па затоа натпреварот во Берлин ќе биде еден од клучните во неговата кариера.