Леклер: Блиску сме до Ред Бул

Леклер-Блиску-сме-до-Ред-Бул.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шарл Леклер е задоволен од од перформансите на болидот на Ферари на првите два тренинзи во Сузука, пред трката за Големата награда на Јапонија.


Возачот од Монте Карло беше втор на вториот тренинг со нешто повеќе од 0,35 секунди зад најбрзиот Макс Верстапен.

„Знам дека Ред Бул ќе биде исклучително брз овој викенд, но мислам дека не сме премногу далеку од нив“, рече Леклер.

Ферари е во добра форма во моментов. Саинз беше трет во Монца, а минатата недела славеше во Сингапур, додека Леклер беше четврти.

„Имам впечаток дека сè уште се запознаваме со болидот, но сме на вистинскиот пат“. Верувам дека ќе ја продолжиме нашата добра серија и во Јапонија“, вели Леклер.

Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела од 7 часот.

Foto/EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK