Италијанскиот тенисер Јаник Синер веројатно нема да учествува на Ролан Гарос, објави „Газета дело Спорт“. Синер поради повреда не учествува на Мастерсот во Рим, а прашање е дали ќе игра на Ролан Гарос.
Одлуката треба да биде позната оваа недела.
Синер се наоѓа во Торино во клиниката што ја користи Јувентус и според првите информации играњето на Ролан Гарос може да му создаде долгорочен проблем на младиот Италијанец.
Според италијанските медиуми, се очекува тој да биде на теренот во среда кога ќе биде донесена одлуката дали ќе настапи на вториот грен слем во сезоната.
Италијанецот веќе изјави дека нема да ја загрози кариерата поради еден турнир и дека се чини дека повредата на колкот може да биде посериозна.
Според „Газета дело Спортt“, лекарите се многу блиску до одлуката да му забранат учество бидејќи тоа долгорочно би го загрозило неговото здравје.