Леброн Џејмс минатиот четврток ја одбил понудата на Голден Стејт Вориорс да премине во нивните редови на крајот од преодниот рок.
Сопственикот на Вориорс Џо Лакоб директно и се обратил на сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, во врска со потенцијалниот трејд.
Сепак, ниту Лејкерси, ниту Џејмс не биле заинтересирани за трејдот, иако тоа би значело дека тој ќе стане соиграч со Стеф Кари.
Леброн игра на највисоко ниво иако има 39 години, поради што Вориорс ја видоа својата шанса да го намамат да дојде кај нив и Лекоб бил поттикнат од друга ѕвезда на Вориорс, Дрејмонд Грин, пишува ЕСПН, но во Лос Анџелес не биле заинтересирани ниту да слушнат што им нуди нивниот ривал од Сан Франциско.
Бас наводно му кажала на Лекоб дека нема желба да го трејдува Леброн, но дека ќе мора да бара одговор за позицијата на Леброн од неговиот менаџер Рич Пол, кој исто така го застапува и Дрејмонд Грин.
Пол му рекол на генералниот менаџер на Вориорс, Мајк Данливи јуниор дека Леброн не сака трејд и дека сака да остане со „езерџиите“.
Вориорс го добија истиот одговор од генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка, кој истакна дека Лејкерс сакаат да го задржат Џејмс.