Ланишек леташе до првото место во Гармиш

Ланишек-леташе-до-првото-место-во-Гармиш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенецот Анже Ланишек ја оствари шестата победа во кариерата, откако во Гармиш го освои првото место на турнејата „Четири скокалници“.


Ланишек победи со 295,8 поени и беше пред Јапонецот Рјоју Кобајаши (292,6) и Германецот Андреас Велингер (291,4).

Ланишек беше прв и во квалификациите, во првата рунда тој прескокна 136 метри со 144,6 поени, додека во втората прескокна 137 метри со 151,2 поени, што му беше доволно за првото место.

Јапонецот Кобајаши, кој беше прв во поредокот по првиот дел, не успа да ја сочува лидерската позиција на крајот. Германецот Андреас Велингер победикот од Оберстдорф, првата станица на турнејата Четири скокалници, заврши на третата позиција.

Во првата петорка се најдоа Австријците Мануел Фетнер и Јан Хоерл со 288,7, односно 281,4 поени.

Најдолгиот скок го имаше Михаел Хајбек, кој во првата серија прескокна 141 метар.

По денешното натпреварување, серијата се сели во Австралија.

Третата станица е Инсбрук на 3 јануари, а турата завршува на 6 јануари во Бишофсхофен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK