Џуд Белингем нема да може да игра за Реал Мадрид во следните две кола од Ла Лига.
Англискиот репрезентативец е суспендиран затоа што по натпреварот помеѓу Валенсија и Реал 2:2 го навредувал судијата Хил Манзано.
Судијата среде нападот на Реал во судиското надополнување, означи крај на натпреварот. Само секунда подоцна, Белингем постигна гол. Фудбалерите на Реал бараа објаснување од Манзано, а најагресивен беше Белингем.
Во образложението на одлуката се наведува дека Белингем е казнет врз основа на одредбата „за недолично однесување на играчите кон судиите, тренерите или спортските функционери“.