Бразил загуби во Колумбија (2:10 во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година и остана без Винисиус Жуниор.
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид и Бразил се повреди во средишницата од првото полувреме.
Винисиус се повреди без да има контакт со противнички фудбалер. Додека се движеше и ја следеше акцијата на својот тим застана, седна на тревата и побара лекарска помош.
Ова е нов удар за Реал, откако во понеделникот на тренингот на француската репрезентација се повреди Едуардо Камавинга, а поради повреда на англиската репрезентација не и се приклучи Џуд Белингем.
Од претходно е повреден Чуамени, а сезоната во август заврши за Тибо Куртоа и Едер Милитао.
„АС“, веднаш по поразот на Бразил од Колумбија објави дека Винисиус Жуниор нема да игра до крајот на оваа година.