Финалната серија за титулата во македонската кошаркарска Суперлига меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје и битолски Пелистер ќе стартува в недела и ќе се игра според новиот систем „2-2-1“.
Финалната серија се игра до три победи, а првиот натпревар е на програмата на теренот на МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18 часот.
Вториот натпревар, исто така, ќе се игра во салата „Јане Сандански“, на 31 мај од 19 часот, по што серијата се сели во Битола, а МЗТ Скопје би бил домаќин на евентуалната мајсторка.
Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја освои јубилејната 10. шампионска титула, додека со евентуален триумф Пелистер прв пат во клупската историја ќе слави шампионска титула.