Петков: Очекувам победа над Велика Британија и пласман во полуфинале на младинското ЕП во кошарка


petkov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва против Велика Британија ќе се обиде со победа да избори пласман во полуфиналето на Европското првенство од Б дивизијата кое се одржува во Скопје.

Репрезентативецот Марин Петков во изјава за официјалниот сајт на КФСМ истакна дека црвено – жолтите се „репрезентацијата полна со самодоверба, и со енергија“, која, според него, „ќе биде доволна да бидеме подобри, и да одиме во следниот круг од шампионатот“.


-Самодовербата во тимот е на највисоко ниво. Во моментов имаме добра енергија, веруваме во себе. И нормално, одиме на победа. Велика Британија е квалитетна репрезентација, завршија како второпласирани ви нивната група. Очекуваме нивна добра игра, брзи се атлетични. Но мислам дека ние сме фаворити во натпреварот кој следува, и како што реков, очекуваме победа која води во полуфиналето, изјави Петков.

Дуелот против Велика Британија е на програмата од 18.30 часот во СРЦ Кале, а во преостанатите три четвртфинални натпревари се среќаваат Португалија – Чешка, Холандија – Украина и Швајцарија – Шведска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK