НБА-плејоф: Голден Стејт намали против Лејкерс, Мајами поведе со Њујорк

kosharka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голден Стејт вориорс утринава на домашен терен го победи Лос Анџелес лејкерс со 121:106 во петтиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. „Воините“ намалија на 2:3 во серијата прв до четири.







Стеф Кари со 27 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Леброн Џејмс со 25 поени се истакна во тимот од Калифорнија.

Шестиот натпревар во серијата ќе се одигра на паркетот на Лејкерс утревечер со почеток во 22 часот по македонско време.

На другиот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Њујорк никс го победи Мајами хит со 112:103 и поведе со 3:2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK