МЗТ Скопје на една победа до десетта шампионска титула

mzt
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една победа го дели МЗТ Скопје Аеродром до јубилејната 10. шампионска титула во македонското кошаркарско првенство.

Тимот од Аеродром вечерва на домашен терен по втор пат го победи Пелистер во финалето на плејофот. Овој пат резултатот беше 75:67.


Војдан Стојановски со 23 поени ги предводеше „сино-белите“ до триумфот. Кај битолчани се истакна Андреј Маслинко со 16 поени.

Финалната серија се сели во Битола. Доколку во третиот натпревар победи МЗТ Скопје ќе ја одбрани шампионската титула, а битолчани само со успех ќе се надеваат на продолжување на шансите за освојување на тронот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK