МЗТ Скопје Аеродром поведе против Пелистер во финалната серија за шампионската титула

mzt pelister
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа во финалето од плејофот за шампионската титула во македонската Суперлига, откако вечерва во воведниот натпревар го совладаа Пелистер на домашен терен со 84-64 (41-29).

Актуелниот шампион стекна резултатска предност во втората четвртина која со серија од 13-0 ја реши во своја корист со 23-11 и без поголеми проблеми во второто полувреме го приведе натпреварот до самиот крај.


Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Американецот Абдул – Малик Абу со 20 поени.

Финалната серија се игра до три победи, а вториот натпревар, исто така, ќе се игра во салата „Јане Сандански“, на 31 мај од 19 часот.

Серијата потоа се сели во Битола, а МЗТ Скопје би бил домаќин на евентуалната мајсторка.

Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта шампионска титула, додека со евентуален триумф Пелистер прв пат во клупската историја ќе слави шампионска титула.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK