Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска означи почеток на подготвителниот период за настап на Европското првенство во Б дивизијата.
Избраничките на селекторката Јелена Антиќ ќе тренираат во Скопје во следните нешто повеќе од 30 денови, а ќе одиграат и неколку пријателски натпревари пред заминувањето за бугарската престолнина Софија каде ќе настапат на ЕП во Б дивизијата за кошаркарки до 18 години.
Софија ќе биде домаќин на Европското првенство во Б дивизијата од 30 јуни до 9 јули.