Македонската 3х3 репрезентацијата замина за Братислава

3-3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската 3х3 репрезентацијата во состав Марко Дујковиќ, Христијан Ристов, Ервин Цого и Милорад Миновски, предводени од селекторот Иван Ристовски денес замина за Братислава каде во наредните два дена ќе земе учество во квалификацискиот турнир за Европскиот Куп кој традиционално ќе се одржи во септември 2023 година.







Согласно ранкинг поените, нашата репрезентација е сместена во Б-групата, заедно со селекциите на Унгарија и на Австрија.

Според распоредот, нашите баскетчии првиот натпревар ќе го одиграат утре со почеток од 10:25 против соодветната селекција на Австрија. Против Унгарија ќе си ги одмери силите час и половина подоцна односно во 12:05.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK