Кошаркарите на Тетекс ТТК се враќаат во Втора лига

kosharka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

КК Тетекс ТТК се пласираше во финалето на плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига. Самиот пласман во финалето значи дека тетовските кошаркари се враќаат во Втората лига со оглед дека согласно прописите, финалистите во плеј-офот се пласираат во повисокото натпреварување.







-Вчера КК Тетекс во вториот дуел од полуфиналето ја совлада екипата на Феникс Баскет со 80:64. Победивме и во првиот натпревар со 68:63. Претходно со службен резултат од 20:0 Тетекс во четвртфиналето ја помина Струмица, информираа од КК Тетекс ТТК

Во вториот полуфинален дуел играат Мега Баскет и КК Маџари. Екипата која ќе има две победи ќе се пласира во финалето со Тетекс ТТК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK