Контроверзна листа на 100. најдобри во историјата: Ни мајка му би го ставила таму

Контроверзна-листа-на-100-најдобри-во-историјата-Ни-мајка-му.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинскиот новинар Диего дел Барио на својата страница „Гол дел Коразон“ објави листа на 100 најдобри фудбалери во историјата.


Дел Барио предизвика бура од критики, со оваа листа налути милиони фудбалски фанови.

И додека нема премногу замерки за првите пет на листата (Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Пеле, Диего Марадона, Алфредо ди Стефано), остатокот од списокот предизвика жестоки реакции.

Така, легендата на Барселона, Чави Ернандез е на шестото место, пред Јохан Кројф и Роналдо.

Најголем шок е 17. место на Аргентинецот Анхел Ди Марија. Две места зад него е капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, Андрес Иниеста е 20., а Роналдињо е на 21. место.

Британски „Сан“ е шокиран што на списокот го нема Вејн Руни и тоа што Радамел Фалкао (74) е пред Серхио Агуеро (90) и Карим Бензема (85), а Артуро Видал (80) е подобар од Руд Гулит (81), Стивен Џерард (82) и Френк Лампард (83).

„Ова е ужасно“, „Најлоши топ 100 досега“, „Тиери Анри на 58. место, мора да се шегуваш со мене“, „Ди Марија не би се ставил на 17., па неговата мајка не би го ставила тука“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK