Конте официјално три години во Наполи

88813tio_default_0-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Антонио Конте потпиша договор и е официјализиран како нов тренер на Наполи.

Наполи, кој лани освои историска титула, прва по три децении, а потоа целосно потфрли оваа сезона, покажа дека има највисоки амбиции. Поради тоа е донесе тренер кој знае како се освојуваат трофеи.

По Јувентус, Челзи, Интер, Тотенхем и една година одмор, Конте одлучи дека е подготвен за ново враќање во Серија А.

Тој потпиша договор на три години, а на југ сакаат да го направи тоа што го направи во Јувентус и Интер. Финансиските детали од договорот на се познати, но медиумите шпекулираат дека по сезона ќе заработува седум милиони евра плус ќе има и одредени бонуси.

Нема да има лесна работа. Пред се ќе има проблеми да ги зачува ведетите од претходниот период. Капитенот Џовани ди Лоренцо најави заминување, Квича Кваратхелија сака да замине во Пари Сен Жермен, а Виктор Осимен веќе две години флертува со клубовите од Премиерлига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK