Коман прв пат во кариерата остана без трофеј во националниот шампионат

2147774211.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баер Леверкузен со освојувањето на титулата во Бундес лигата не ја прекина само 10-годишната доминација на Баерн Минхен во домашниот шампионат, туку стави крај на неверојатната серија на Кингсли Коман.


Кингсли Коман прв пат од почетокот на професионалната кариера ќе остане без шампионски трофеј.

Коман кариерата ја започна во ПСЖ со кој освои две титули, потоа со Јувентус освои исто толку пехари во Италија, а потоа следуваше трансфер во Минхен.

Во Баерн продолжи во ист ритам со дури седум последователни титули во германскиот шампионат.

Тоа го прави еден од најтрофејните во светот на фудбалот.

Постојат индиции дека Французинот би можел да го напушти Баерн во летниот преоден рок. Баварците ги слушаат сите понуди за Коман кој го постигна најважниот гол во поновата историја на клубот. Неговиот гол против ПСЖ го реши победникот во финалето во Лигата на шампионите во 2020 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK