Клупската легенда ќе го напушти Лајпциг

Клупската-легенда-ќе-го-напушти-Лајпциг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот фудбалер Емил Форсберг по повеќе од девет години реши да го напушти Лајпциг



Форсберг ќе остане во семејството на Ред Бул, кариерата ќе ја продолжи во Њујорк, и покрај тоа што има договор со Лајпциг до 2025 година.

Според „Билд“, Швеѓанецот ја донел оваа одлука заедно со неговата сопруга, нејзината желба да се пресели во САД очигледно била пресудна.

Форсберг во Лајпциг пристигна во 2014 година од Малме, во трансфер вреден 3.700.000 евра. Во тој период клубот се натпреваруваше во Втората Бундеслига.

За овој тим шведскиот фудбалер одигра 318 натпревари (втор е на вечната листа), на кои постигна 69 гола и забележа 67 асистенции.

Сезонава на 15 натпревари одигра само 693 минути и постигна два гола. Играше на сите натпревари досега за Лајпциг во Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK