Ќерките на Марадона и илјада дена подоцна инсистираат дека неговата смрт не е случајна

9587fcca3cfa36ddb1e0a4524b1086ec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џанина и Далма, ќерките на аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона побараа правда за нивниот татко, 1.000 дена по неговата смрт на 25 ноември 2020 на само 60 години, сметајќи дека неговата смрт не била случајн.


Во април оваа година, аргентинските власти потврдија дека ќе има судење за смртта на Марадона, на кое осум луѓе се обвинети дека го убиле Марадона: неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косаков, психологот Карлос Дијаз, докторката Нанси Форлини, медицинскиот помошник Маријано Перони, медицинскатат сестра Рикардо Омар Амирон и Дахијана Жизела Мадрид, како и докторот Педо ди Спања.

„Мојот татко не сакаше да умре. Ова беа најлошите 1.000 дена во мојот живот. Ја користам оваа шанса да кажам дека пред неколку дена имав непријатно искуство да слушнам од еден одвратен човек дека мојот татко сакал да умре. Не, тоа не е точно. Токму спротивното, ти и товојата банда го направивте тоа. И ќе платите еден по друг“, напиша Далма на Инстаграм.

И Џанина напиша дека ќе продолжи да се бори за правда.

„Ова не е само лично мислење, туку реалност според сите извештаи кои ги потврдуваат негрижата на мојот татко. Имаше и стратегија тој да се дистанцира од семејството. Времето не го лечи ова, болката секогаш е тука. Далма и јас нема да сопреме, нема да не скршат“, вели Џанина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK