Шпанскиот голман Кепа Аризабалага, од Челси се пресели во Реал Мадрид. Кепа дојде во Мадрид како замена за повредениот Тибо Куртоа. Пред Реал, Кепа се поврзуваше со Баерн Минхен. Голамнот откри зошто решил да ја прифати понудата на „кралскиот клуб“.
„Се се случи многу брзо. Вистина е дека (Маурицио) Покетино сакаше да останам во Челзи и ми рече дека ќе бранам и дека ми верува. Сепак, мислев дека промената ќе ми одговара. Сакав промена. Ми се јави Томас Тухел. Бев блиску до заминување во Баерн. На крајот, Реал е Реал. Кога Реал Мадрид ќе ве повика, не треба да размислувате двапати.“