Поранешната ѕвезда на Арсенал, Санти Казорла има нов тим, откако по 20 години се врати во Реал Овиедо, и ќе игра во шпанската втора лига со минимална плата од 1.500 евра месечно.
38-годишниот Казорла, кој игршае и за Вилјареал, потпиша едногодишен договор и се договори 10 отсто од парите собрани од продажбата на неговите дресови да бидат пренасочени во академијата на клубот од северот на Шпанија.
„Не сакам ништо од Овиедо. Веќе сум платен со тоа што имам шанса повторно да го носам овој дрес и последната авантура да ја имам блиску до моите луѓе“, изјави Казорла.
Este domingo @19SCazorla en el Carlos Tartiere#RealOviedo 🔵⚪ pic.twitter.com/FWsK7BW3pb
— Real Oviedo (@RealOviedo) August 16, 2023