Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) им додели на Катар и на Мароко десет изданија на светските првенства за фудбалери до 17 години.
Одлучено е Катар да биде домаќин на секое Светско првенство за играчи до 17 години од 2025 до 2029 година, а ќе се натпреваруваат 48 репрезентации.
Во истиот период Мароко ќе организира пет турнири од Светското првенство за жени до 17 години и таму ќе се натпреваруваат 24 селекции.
Одлуката покажува дека земјите од некои нови региони, како Северна Африка и Блискиот Исток, имаат се поголемо влијание врз светската куќа на фудбалот.
Вреди да се потсети дека последното Светско првенство се одржа во Катар во 2022 година, а Мароко ќе биде еден од шесте организатори на Мундијалот во 2030 година.