Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи. „Црвените ѓаволи“ освоија еден бод против Фулам на „Крејвен Котиџ“. Со ова тимот го заокружи историски лошиот почеток од само пет бода од првите пет натпревари.
Менаџерот на тимот, Мајкл Карик, не е премногу загрижен, вели дека ова е само почеток на сезоната.
Тој прво се осврна на острите зборови на легендата на Манчестер Јунајтед, Гари Невил.
„Не се чувствувам навредено. Не сакам на сè да гледам негативно. Мораме напорно да работиме и да продолжиме да работиме на вистински начин за да се вратиме во играта“, рече Керик.
Тимот освои само пет бода во првите пет натпревари, што е почеток под сите очекувања.
„Сезоната е долга. Не е спринт. Ова е само дел од патувањето. Сакавме повеќе бодови, нема да кажам дека е одлично. Ја разбирам фрустрацијата. Сакаме да бидеме подобри“.
Foto/ Depositphotos