Карагер: Реал поради Винисиус го отпушти Алонсо


depositphotos_821003952_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Челзи во победата од 3:2 против Фулам, клуб кој исто така ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа. Токму Арбелоа го замени Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што ѝ даде нова димензија на приказната за двајцата поранешни соиграчи.


Заминувањето на Алонсо од Мадрид следеше по турбулентен период, при што медиумите известуваа за тензиите со Винисиус Жуниор и лошите односи со клучните играчи.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, верува дека проблемите во Мадрид биле повеќе поврзани со играчите отколку со самиот тренер.

„Чаби Алонсо остана без работа поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај претседателот и му кажа дека нема да потпише нов договор“, рече Карагер.

„На крајот, Реал Мадрид, како што секогаш прават, застана на страната на играчот, го отпушти тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбеола“.

И покрај заминувањето на Алонсо, легендата на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, не мисли дека тој период треба да влијае на перцепцијата за Алонсо сега кога тој го презема Челзи.

„Не мислам дека она што Алонсо го направи во Реал Мадрид воопшто е одраз на неговата способност. Тоа е одраз на тие играчи“, рече Невил.

„Да бидеме искрени, тие играчи… Мбапе го доживеа тоа во ПСЖ, каде што играше со Нејмар и Меси, и тие не вршеа притисок врз противничката одбрана. Луис Енрике очигледно го промени тоа со млади играчи кои се подготвени да работат така“, рече Невил.

„Затоа не мислам дека тоа е одраз на Алонсо. Челзи има одличен тренер и тој воопшто не треба да биде оптоварен со она што се случи во Мадрид.“

Невил дополнително го нагласи специфичниот предизвик за водење на Реал Мадрид.

„Понекогаш таму има вистински хаос, мора да бидете посебен карактер за да го водите тој клуб“, додаде тој.

Алонсо сега е целосно фокусиран на Челзи. Со победа во првото коло и освојување на три бода, тој успешно го започна својот мандат на „Стемфорд Бриџ“.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK