Португалија ја мина групната фаза како првопласирана во групата Ф пред Турција, Грузија и Чешка.
Од друга страна, Словенија заврши на третото место во групата Ц пред Србија и зад Данска и Англија.
Победникот од овој дуел на турнирот ќе оди против Франција која со 1:0 ја совлада Белгија.
Од меч во меч Пепе и Кристијано Роналдо соборуваат рекорди во категоријата најстари играчи на Европското првенство, иако се уште се чека голот на првата ѕвезда на Ел Наср.
Роналдо преку асистенција до Бруно Фернандеш против Турција покажа дека е повеќе посветен на тимскиот успех отколку на личната статистика (помалку чудно за него)
Време е да ја покажат целата своја сила.
Кристијано Роналдо е единствениот играч со повеќе од десет настапи во нокаут рундата на Европското првенство – ова ќе му биде 12. меч.
На второто место е поранешниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи со девет настапи.
Европското првенство во Германија е последно за Кристијано Роналдо со оглед на тоа што наполни 39 години.
Капитенот на Португалија и вечен конкурент ќе се обиде со сите сили да освои уште еден трофеј за репрезентацијата од позицијата најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето (14 гола), две децении по дебито на ЕП.
Со 25 настапи тој е и рекордер во овој сегмент на Европското првенство.